Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата

Whatsapp Image 2025 02 17 At 17.18.38.jpeg

Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава на телевизија Сител информираше дека на вчерашната заедничка обиколка со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски се отворила темата за поставување камери во општините за да се намали уништувањето на спортските и детските игралишта.

„Со министерот разговаравме да се разгледа можноста преку Безбеден град, покрај поставување камери на булеварите, да се постават камери на детски и спортски игралишта. За ова, дополнително ќе се разговара да се види дали има можност тоа да го преземе министерството или ние да си преземеме одредени финансиски трошоци како општини и самоиницијативно да ги поставиме тие камери на одредени локации”, рече Герасимовски.


Иницијативата на Општина Центар беше едногласно прифатена од ЗЕЛС, со цел подигнување на свеста кај младите за чување на јавното добро.

Можете да прочитате

Водовод известува: Во понеделник без вода неколку скопски улици

Герасимовски: 17 тони кабаст отпад собрани во акцијата од 15 до 20 февруари

Герасимовски: Бизнис информаторот обезбедува лесен пристап до општинските услуги за компаниите и инвеститорите