Утрински Весник
Свет

Сијарто: Провоените европски лидери се состануваат во Париз за да го спречат мирот во Украина

20241218170410 Big 730x400 79.webp.webp

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто оцени дека европските лидери кои се за војна и против американскиот претседател Доналд Трамп се состануваат денеска во Париз за да се обидат да го спречат постигнувањето на мирот во Украина.

„Спротивно на тие лидери, ние ги поддржуваме напорите на Доналд Трамп и ги поддржуваме американско-руските преговори и сакаме мир во Украина“, рече тој.


Според него, на потег се оние во Европа кои не сакаат мир, а како што наведе, во Европа се организира провоениот камп што ќе се состане денеска, пишува Новости, повикувајќи се на Танјуг.

– Оние кои се среќаваат во Париз се тие кои постојано долеваат масло на огнот. Земји кои се за војна, кои спроведуваат непромислена стратегија во последните три години, чии политики доведоа до опасност од ескалација – нагласи Сијарто.

Според соопштението на унгарското Министерство за надворешни работи, Сијарто на прес-конференција одржана заедно со неговиот казахстански колега Мурат Нуртлу во Астана рече дека инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп создаде сосема нова реалност во светската политика од која ќе имаат корист и Унгарија и Казахстан.

– Станува збор за две земји кои отсекогаш се залагале за промировна позиција и воделе патриотска, суверена политичка стратегија – рече тој.

Сијарто го нарече предвременото завршување на војната во Украина заеднички интерес, бидејќи Унгарија и Казахстан се сериозно оштетени од конфликтот, додавајќи дека Доналд Трамп и неговата мировна политика би можеле да обезбедат најдобра шанса за таков крај.

Можете да прочитате

Нов коронавирус кој може да се пренесе на луѓето е откриен во Кина

Деновиве ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија

Неколку дена пред изборите во Германија, ЦДУ е под прагот на поддршка од 30 отсто, покажува анкета