Утрински Весник
Скопје

Без вода корисниците во селата Долно Лисице, Стајковци и дел од Бутел

Voda.jpg

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска информираа дека поради улични дефекти без вода ќе останат корисниците од село Долно Лисиче и во Бутел, како и корисниците од село Стајковци. 

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица 1 бр.40 село Долно Лисиче, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од село Долно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.


Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „АФЖ“ од 08:30 поради водоводен уличен дефект ф 150мм на ул. „АФЖ“ бр,.10,

Поради уличен дефект на улица 1 кај Дим Маркетот село Стајковци прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Стајковци, од 08:30часот до завршување на работните активности.

Можете да прочитате

Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија

Општина Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик

„Скопје 2028“ ќе потроши 21 милион евра – парите ќе се трошат „во четири очи“, без јавни набавки