Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Ѓавато

Magla Avtopat 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м има на планинскиот премин Ѓавато.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика