Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза

1729964432 Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2%. Споредено со јануари 2024 година трошоците за живот пораснале за 4,9%.

Овие податоци ја покажуваат неспособноста на Владата на Мицкоски да се справи со економските предизвици.


– Advertisements –

За само осум месеци, граѓаните се доведени до финансиски колапс.

Цените на основните прехранбени производи и услугите растат без контрола, сметките за електрична енергија се зголемуваат, парното е поскапо, а платите стагнираат.

Домаќинствата секојдневно се борат со зголемени трошоци, додека Владата останува без стратегија и конкретен план како да ја стабилизира економијата.

Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза.

Не само што мерките со кошнички доживеаја целосен дебакл, власта најави мерка за замрзнување на маржите која се уште не е донесена поради тоа што власта работи за интересот на елитата а не за граѓаните.

СДСМ предупредува дека оваа состојба е неодржлива. Потребни се итни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.

Затоа, уште еднаш повикуваме на усвојување на пакетот 7 мерки што ги предлагаме, кои веднаш можат да донесат олеснување за граѓаните, намалување на цените и зголемување на стандардот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Има загинати во возилото што падна во Радика

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено

Тошковски: МВР со посебен план за претстојната зимска туристичка сезона во Маврово