Утрински Весник
Економија

ДЗС: Намален прометот во индустријата

Fabrika Industri A 200906 253195 425788.jpg

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во декември лани во однос на истиот месец од 2023 година, е намален за 11.0 %.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и кај Капитални производи за 26.2 %.


Прометот во индустријата декември во однос на ноември 2024 година, бележи пад од 12.8 %, додека од јануари до декември лани во однос на истиот период од 2023, намалувањето е 10.8 %.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, е намален за 0.9 %. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %.

Во декември, пак, во споредба со ноември 2024 година, има раст од 3.4 %, додека во периодот јануари-декември во однос на истиот период од 2023 година, е евидентиран пад од 2.0 %.

Прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, е помал за 4.5%. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 %, опаѓање бележи кај Капитални производи за 26.4 %, додека кај Интермедијарни производи, освен енергија е на исто ниво.

Во декември во споредба со ноември 2024 година, има пад од 17.4 %, а додека во периодот јануари – декември 2024 во однос на периодот јануари – декември 2023 година, намалувањето изнесува 13.8 %.

Можете да прочитате

Нови зголемени давачки за фирмите, поскапеа дел од тарифите на Централниот регистар

Се намалуваат цените во маркетите, инспекторите на терен

Синџири маркети нелегално се договарале за усогласено делување, тврди Комисијата за заштита на конкуренцијата