Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта

14022024 Mickoski 4.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денес во Минхен, претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

На средбата се разговараше за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата конечно да се отворат вратите на ЕУ.


Мицкоски посочи дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.

„На тој план Македонија направи многу и Европската Унија мора да покаже подготвеност тоа да го вреднува на вистинскиот начин, а тоа е преку динамизирање на процесот на преговори со Европската Унија”, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека Владата е силно посветена на судските реформи, испорачување на правдата и борба против организираниот криминал за што е потребна поддршка и мобилизација на сите општествени чинители.

Мицкоски посочи дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование.

Инаку средбата се одржува на маргините на Михенската безбедносна конференција каде се собираат политички лидери од светот и каде ќе се дискутира за важни европски и светски предизвици. Свое обраќање ќе има и македонскиот премиер.

Можете да прочитате

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана

По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена да прифати повредени