Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Шокантно е што за Мицкоски не се приоритет здравството, платите и стандардот туку промена на грбот и химната

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Соопштение на СДСМ:

Владата на Мицкоски преку министерот без ресор, Арбен Таравари, не информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството.


Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, сиромаштијата која расте и стандардот на граѓаните, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност.

А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста.

По овие најави, повеќе од јасно е дека граѓаните ќе бидат „хранети” со теми за поделба на јавноста, додека државата тоне во сиромаштија, а животниот стандард пропаѓа.

На ова СДСМ предупредуваше со месеци во кампањата – од ВМРО-ДПМНЕ не може да се очекува ништо друго.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи