Утрински Весник
Македонија

Премиерот Мицкоски во дводневна посета во Сојузна Република Германија

Mickoski.webp.webp

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од денес и во наредните неколку дена ќе присуствува во Сојузна Република Германија на Минхенската безбедносна конференција.

61 Минхенска конференција се одржува од 14 до 16 февруари каде ќе овозможи висок дијалог за клучните надворешни и безбедносни предизвици кои се актуелни прашања на политичките лидери.


На конференцијата ќе присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.

За време на Конференцијата премиерот Мицкоски се очекува да има средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со претседавачот на Минхенската конференција амбасадорот Кристоф Хојгенс, со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и други политички лидери.

Претседателот на македонската Влада, Мицкоски ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западниот Балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.

Мицкоски ќе ја искористи приликата за лобирање и прикажување на реалната слика од пристапните преговори на државата во поглед на европските перспективи, како и план за развој и економски достигнувања како дел од напорите за економски прогрес и сигурност на граѓаните.

Можете да прочитате

Брзата интервенција на пожарникарите и доброволците го спречи ширењето на пожарот во Штип

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал