Утрински Весник
Свет

Трамп најави дека рокот за ТикТок може да биде продолжен

Tiktok.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото одложување од 75 дена во спроведувањето на забраната за кинеската апликација за кратко видео TикТок може да биде продолжено, но дека не мисли дека тоа ќе биде неопходно.  

Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека се уште се надева дека ќе постигне договор со ТикТок за да ја задржи апликацијата активна во САД.


„Па, имам 90 дена од пред две недели и сигурен сум дека може да се продолжи. Но, да видиме. Мислам дека нема да биде потребно“, рече Трамп.

Епл ќе ја врати апликацијата ТикТок, во сопственост на „Бајт денс“ (ByteDance), во ЕплСтор, по наредба на американскиот обвинител Пем Бонди, јави  Блумберг. Епл потврди дека апликацијата ќе биде повторно достапна од денеска. 

Можете да прочитате

Зеленски би се сретнал со Путин, но не во Русија или Белорусија

Унгарија го симна ветото, ЕУ со помош од 90 милијарди евра за Украина

Хорор во Италија, мајка заедно со три деца скокнала од тераса од трет кат