Утрински Весник
Свет

Бројот на повредени во нападот во Минхен се искачи на 30

Uploads Thumbs Resize 800x420 684746.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Минхенската полиција соопшти дека бројот на повредени во денешниот напад во главниот град на Баварија се искачи на 30 лица, јави ДПА.

Утрово маж удри во група луѓе на плоштадот Штигелмаер во Минхен. Наводно, осомничениот е 24-годишен маж од Авганистан.


Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека авганистанскиот возач кој удри со својот автомобил во луѓето има валидна дозвола за престој и работна дозвола.

-Информациите што ги имаме во овој момент значат дека живеалиштето на сторителот било апсолутно легално, рече Херман.

Херман, исто така, посочи дека човекот не е прогласен за виновен за кражба во продавница, иако таквите информации беа објавени набргу по нападот.

Човекот пристигнал во Германија на крајот на 2016 година како малолетник бегалец без придружба. Неговата процедура за азил била завршена во 2020 година со известување за одбивање и наредба за напуштање на Сојузна Република.

Во април 2021 година, властите во Минхен му издале известување за толеранција и во октомври дозвола за престој. Мажот посетувал училиште и завршил стручна обука. /МИА

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп