Утрински Весник
Македонија

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци – загинаа 16 лица

Laskarci 600x375 1.jpg

Денеска се одбележуваат шест години од една од најтешките несреќи во Македонија, која се случи кај Ласкарци, во близина на Скопје.

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ со 51 патник, сите од Гостивар, кој сообраќаше од Скопје до Гостивар, излета од автопатот и од другата коловозна лента, падна во провалија, откако ја проби заштитната ограда. Загинаа вкупно 16 лица.


На местото веднаш претрчале мештани од Ласкарци и околината. За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Невромедика“ и „Систина“.

Владата ги прогласи 14 и 15 февруари 2019 година за денови на жалост.

За оваа несреќа казна затвор од 14 години доби возачот на автобусот, а газдата на „Дурмо Турс“ доби затворска казна од 4 години. На тројцата обвинети, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, вработени и раководни лица во станицата за технички преглед, кој исто така бил во сопственост на фирмата на Белули, Судот им изрече казна од 5 години.

Покрај затворските казни, судот на обвинетите им изрече и забрана за вршење на професијата од 5 години за секого.

Можете да прочитате

Николовски во Аргумент плус: Запленетата дрога на граничниот премин Богородица на црниот пазар би чинела 7,7, илјади евра

Груевски за случајот Фросина: Само повеќе полиција на улиците

Отровно растение од Тексас почна да се размножува во Тиквешијата – Ако го видите, не го допирајте – веднаш пријавете!