Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Ги отворивме сите пензионерски клубови во Центар – Итно копче е одличен проект

Whatsapp Image 2025 02 13 At 11.20.09 2232f010.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека Општина Центар се грижи за возрасните лица и во континуитет се реализираат проекти со кои им се подобрува квалитетот на живот. 

„Последна активност со Црвен Крст ни е проектот Итно копче. Тоа е одлична активност која добро се спроведува и во неколку други општини. Се поставува алка на корисникот, се поставува рутер во домаќинството којшто се користи доколку возрасното лице има потреба да контактира, односно да биде префрлено во болница, да му биде измерен пулс, да му биде пружена прва помош и слично. Преку Итно копче да ги повика службите на Црвен Крст, а истите му искочат во пресрет. Исто така, имаме одлична активност заедно со Црвен Крст, пренос на возрасни лица до медицинска установа. Тој проект е активен од минатата година и одлично се спроведува на територијата на општината”, рече Герасимовски.


Герасимовски истакна дека во соработка со здружението Хуманост се реализира неколку години добар проект кадешто се посетуваат 90 семејства на повозрасни лица кои имаат потреба од физиотерапевт, помош во домаќинството за купување лекови и плаќање на сметки.  Неколку пати во неделата се посетуваат повозрасните жители за да им помогнат во спроведување на сите овие активности.

„Трета година по ред, на крајот на годината издвојуваме фиинансиски средства за еднократна финансиска помош од 2.500 илјади денари за нашите пензионери во општината. По барање на Сојузот на пензионери, ги отворивме сите пензионерски клубови низ општината. Имаме 8 пензионерски клуба коишто одлично функционираат и е одлична можност за дружба на нашите повозрасни жители. Доделуваме еднократна социјална помош, помош за болест, операција и слично. Многу проекти за возрасните коишто од година во година ги подобруваме и продлабочуваме”, изјави Герасимовски. 

Можете да прочитате

Без струја викендов делови од општините Бутел и Чаир

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух