Утрински Весник
Свет

Денес е Светски ден на радиото

Emiter Svetskidenradio 01 02 2021.jpg

Под покровителство на УНЕСКО, денеска се одбележува Светскиот ден на радиото кое оваа година се одржува под мотото „Радиото и климатските промени“.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите.


Во таа насока, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги извести сите радија во земјава дека УНЕСКО нуди можност за размена на искуства, материјали и идеи со радио станици од други земји, како и бесплатни корисни ресурси меѓу кои аудио и визуелни спотови на темата „Радио и климатски промени“, материјали поврзани со развојот на медиумите, медиумската и информациската писменост и безбедноста на новинарите; Водич за информирање за климатските промени и создавање приход и др.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радиостаници во земјава им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да дадат сопствен придонес во неговото одбележување.

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд