![](https://utrinskivesnik.mk/wp-content/uploads/2025/02/brifingsdsm-1024x595.jpg)
СДСМ се подготвува за локалните избори и тоа е процес што се води паралелно со процесот за внатрепартиските избори, порача претседателот на партијата Венко Филипче.
„Од партиските членови се гледаат имиња, како и од нашите коалициони партнери, граѓански листи, со кои би се поддржале коалициски. Ова очекувам да заврши до крајот на март, за да ги имаме првите сознанија од теренските анкети, како и телефонските анкети“ истакан тој.
Запрашан за можно коалицирање на изборите, лидерот на СДСМ најави дека најеверојатно ќе се оди со различни коалиции во секоја општина посебно.
„Ќе го кажам ставот кој не е потврден, дека СДСМ на овие локални избори ќе прави коалиции во секоја општина посебно“, рече Филипче, додавајќи дека може да се размислува и за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за општина Кичево, нешто што се случи и на изборите во 2013 година.