Утрински Весник
Економија

Поевтин зелен картон, раст на платите и намалување на ДДВ за струја, СДСМ предлага сет мерки

1729964432 Sdsm.jpeg

Регулирањето на теговски маржи е задоцнета мерка, а второ тоа што се однапред најавени, им дозволува на маркетите и трговците дополнително да ги зголемат цените, за потоа да не го почувствуваат замрзнувањето, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Тој најави сет на мерки додавајќи дека само една мерка нема да даде никаков ефект.


„Првата мерка е намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5 проценти. Така на пример за сметка од 3.000 денари намалувањето ќе биде за околу 400 денари. Намалување на ДДВ на основните прехранбени производи и оваа мерка во комбинација со дополнителни политики за замрзнување на маржи и на цени може да овозможи намалување на цените на некои прехранбени продукти и за 30 отсто. Замрзнување на цените на основни прехранбени производи во следните три месеци. Фиксирање на маржите на основни прехранбени производи за да се елиминира ризикот од манипулации. Бараме итно спроведување на Законот за нефер трговски практики, намалување на цената на зелениот картон за автомобили и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите“ изјави Филипче.

Тој смета дека Владата не нуди решенија, нема план како да го зголеми стандардот, дека сите трошоци на граѓаните се зголемени иако економската ситуација сега не е толку лоша колку што била во време на ковид и енергетската криза.

Можете да прочитате

Комората на трговци бара итна средба со Владата: Маржа од 10% го загрозува опстојувањето на 86 фирми

Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април

Ќе се замрзнува маржата на прехрабените продукти