Утрински Весник
Македонија

Одлуката е чист пример на заробена правда, судот во Тетово сака да ја подари Алијанса на ДУИ, обвини Фетаи

Fetai.jpg

Одлуката на Основниот суд во Тетово, која се обидува на ДУИ да ѝ ја подари Алијансата за Албанците, е чист пример за политичко заробување на правдата. Ова е чист чин на партиско судство кое се обидува да манипулира со волјата на граѓаните и една политичка партија да ја претвори во воен плен на Али Ахмети. Испраќаме јасна порака до судијата Илир Реџепи и до кланот на Зиадин Села: вашиот обид за криумчарење на Алијансата за Албанците, ќе пропадне, изјави вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, од крилото на АА на Арбен Таравари.

– АА е на народот, на членството и на луѓето со достоинство, кои не се продаваат за грст привилегии како вас. Уште од самото основање, идеалот на Алијансата за Албанците беше соборувањето на криминалниот режим на Али Ахмети, кој поради коруптивни мотиви сериозно ги наруши интересите на Албанците. Овој свет аманет, го тера до крај легитимниот лидер на АА, Арбен Таравари, кој ја презеде на свои плеќи целосната одговорност на достоинствено застапување на Албанците во владеењето. Скандалозната одлука на судијата Реџепи ќе се најде повторно во Апелациониот суд. До конечна одлука со која ќе се воспостави правда во државава, ги оставаме Села и неговата клика да се самозадоволат со имагинарните печати на судијата Реџепи. За состојбите во правдата, зборуваат самите граѓани и меѓународните организации. Само 2 отсто од граѓаните му веруваат на судскиот систем, а во последниот извештај на Транспаренси интернешнал остро се критикуваат скандалозните измени на Кривичниот законик со кои се овозможи амнестија на стотици поранешни функционери на режимот на Груевски – изјави Фетаи.


Можете да прочитате

Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, запленети над 188 килограми марихуана

Талевски: ДПМНЕ прави директен упад и партизација во судството, тоа значи „да удриме во чело“

СДСМ жестоко ќе се спротивстави на менување на државниот грб, порача Филипче