Утрински Весник
Македонија

На 16 март СДСМ ќе избира претседател

1729964432 Sdsm.jpeg

На 16 март (недела) чллновите на СДСМ преку внатрепартиски избори ќе го изберат новиот претседател на партијата.

Како што дознава 24инфо.мк за вечерва на „Бихаќка“ е закажана седница на Централниот одбор со што ќе започнат подготовките за четвртите директни внатрепартиски избори.


Она што е сигурно дека актуелниот претседател Венко Филипче ќе биде кандидат, а дали ќе биде единствен ќе се знае кога ќе заврши рокот за кандидирање.

Членовите на СДСМ  по неколку месеци повторно ќе бираат претседател. Тоа е така, бидејќи според Статутот на партијата, Филипче, како и неговиот претходник Димитар Ковачевски поради оставката на Заев, го завршуваат неговиот мандат кој истекува на 21 март.

Можете да прочитате

Палевски преку снимки докажува дека тројца, а не четворица го грабнале Панче Жежовски

Акција пред ОЈО – Повик до сите граѓани утре да се придружат на „Маршот за ангелите“ во Кочани

Независниот синдикат на полицијата бара разрешување на Трипуновски