Утрински Весник
Македонија

Родителите на убиената Емилија задоволни од пресудата: „Монструмот нека гние во затвор“

Roditeli Emilija Peseva.jpg

Родителите на усмртената Емилија Пешева од Штип велат дека се задоволни од казната доживотен затвор за убиецот Фадил Зејнелов. Порачаа дека „тоа што не се враќа, не се враќа“, но убиецот ќе остане до крај на животот во затвор.

-Не може да ја излечи болката, таа нема да се врати, но, работата е да се преземат мерки и да се затворат таквите луѓе. Не да одиш и само да пријавуваш…Да бидеш слободен и да знаеш дека детето ти е сигурно. Ако има такви луѓе да се затворат, кажа мајката Џемиле.


Таткото на Емилија, Слободан во изјава за медиумите по донесувањето на пресудата рече дека убаво се чувствува. „Дадена е добра пресуда за монструмот од судијата и обвинителката. Нека гледа цела јавност. Такви монструми да не се пуштаат никако“, потенцира тој.

-Моето дете ќе гние, но, и тој нека гние во затвор и да не се повторуваат вакви дела. Болката е тешка. Јас сум презадоволен со пресудата…Чуваме сите ќерки, деца, многу лошо, истакна таткото на девојката, додавајќи дека имаме добри обвинители и судии во државата.

Одбраната исто така истакна дека правдата е задоволена со ваквата пресуда.

Доживотна казна затвор значи дека осудениот нема право на условен отпуст пред да поминат 15 години од изрекувањето на казната.

Можете да прочитате

Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино

Царина и АХВ заедно против измами со увоз на храна – фер пазар за сите

Кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија – шест службени лица осомничени за злоупотреба