Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Го поддржавме законот за патните трошоци, потребни се казни за злоупотреби

Sdsm Sdsm.jpeg

Од партијата преку соопштение велат дека додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патните трошоци.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија отсекогаш се залагал за рационално и одговорно трошење на парите на граѓаните. Уште во 2018 година, кога СДСМ беше власт, на иницијатива на нашата пратеничка група беа поднесени и донесени законски измени со кои патните трошоци се намалија за најмалку една третина. Нашиот пристап кон ова прашање отсекогаш бил принципиелен и одговорен, а не популистички. Суштината на работата на секој пратеник е да им служи на граѓаните, и на секој можен начин да води грижа што повеќе пари да бидат насочени кон потребите на граѓаните кои живеат сѐ потешко“, се вели во соопштението на СДСМ.


Опозициската партија смета дека се потребни дополнителни законски измени кои ќе предвидат: воведување механизам за поголеми казни за можни злоупотреби на патните трошоци, како и воведување на ограничување со кое пратеници кои имаат станови во Скопје нема да имаат основа за наплата на патни трошоци.

Предлогот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците денеска не ја доби поддршката од владејачкото мнозинство, и не беше ставен на дневен ред на седницата. За да биде ставен на дневен ред предлогот за измени на Законот за пратениците, „за“ гласаа само 22 пратеника од Левица и СДСМ и коалицијата. Предлогот се однесуваше на тоа патните трошоци да се пресметуваат 6,5 литри на секои изминати 100 километри.

Можете да прочитате

Петрушевски: Љупчо Коцевски нема реализација, молчеше додека криминал му се случуваше пред очи

Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, запленети над 188 килограми марихуана

Талевски: ДПМНЕ прави директен упад и партизација во судството, тоа значи „да удриме во чело“