Утрински Весник
Македонија

Граѓаните и да се жалат на високите сметки за струја, сепак ќе мора да ги платат

Struja 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Граѓаните можеби се жалат на високите сметки за струја за месец јануари, но тоа не ги ослободува од плаќање. Вака денеска за „Телма“ одговорија ЕVN HOME на прашањето како се постапува по поплаките на граѓаните за добивање на многу повисоки сметки од вообичаеното. На пример, едно семејство во декември добило сметка за струја од 9.237 денари, додека следниот месец сметката се искачила на 14.252 денари или над 50 отсто повеќе.

„Сите барања за корекции на сметките поднесени од корисниците се разгледуваат посебно и ЕВН Хоум доставува соодветен одговор во законски утврдените рокови. Приговорот за корекција на фактурата не го ослободува корисникот од плаќање, но во случај на корекција поради вредностите преземени на фактурата, овие плаќања се земаат предвид. Понатаму, плаќањата се користат за подмирување на идните сметки или се враќаат на корисникот по негово барање и приложен доказ за уплата“, велат од ЕВН Хоум.


Регулаторната комисија за енергетика во петокот апелираше до ЕВН Хоум да ги коригира јануарските сметки за струја и да направи соодветна поделба на блокови според просечната историја на потрошувачка на домаќинствата во последните три фактурни периоди.

Тоа значи дека пресметките мора да бидат точни за да се избегне префрлање на количината на енергија во повисоки блокови за кои цената на струјата е исто така поскапа.

Можете да прочитате

Тргна годината со поскапа струја: Сметките растат до 900 денари

Евгенија Камчева првото бебе во Скопје во 2026

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели