Цената на недвижностите во Скопје е во постојан пораст.
Речиси и да не може да се најде стан со цена под 1.000 евра за метар квадратен, а во одредени атрактивни населби цената веќе надимина и 2.500 евра за квадрат.
Но и покрај огромните цени, сепак одредени продавачи поинаку го ценат својот имот па бараат и неверојатни суми.
Еден таков пример е стан од 47 м2 во центарот на Скопје, односно во Дајмонд.
Овој стан со една дневна и една спална соба (луксузно наместен според огласот) се продава за 250.000 евра.
Тоа значи дека треба да одвоите 5.319 евра за еден метар квадратен станбен простор.
Цената не само што е превисока за Скопје, туку е и повисока од некои населби во Дубаи, каде за нешто повеќе од 250.000 евра можете да купите стан од 50-60 квадрати.