Утрински Весник
Македонија

ДО ПОНЕДЕЛНИК (10 ФЕВРУАРИ) СУВ СТУД: Наутро температури до, па и под -10 степени!

Meteoalarm.mk 53.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

До понеделник (10 февруари) нашата територија ќе се наоѓа под влијание на ладна, но сува воздушна маса која продира од источните  и од североисточните предели на Европскиот Континент. Времето ќе биде претежно сончево, со појава на мала до умерена локална облачност и со појава на магла по котлините, и тоа во утринските часови.


Ќе биде и понатаму ладно, особено наутро и во ноќните часови кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, а особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурата ќе се спушти до околу, па и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9/10 степени во југоисточните предели од Македонија.

Во Скопје исто така до понеделник ќе имаме стабилно и суво време, особено наутро и ладно. Наутро температурата ќе се спушта до околу -2/-3 степени, а преку ден таа ќе се искачува до околу 9/10 степени.

Можете да прочитате

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани со по 1000 денари за помали сметки за струја

Владата тргнува во разрешување на државниот обвинител Коцевски