Утрински Весник
Свет

Војна во Украина: Погодени згради во јужна Русија, предупредувања за дронови во Киев, севернокорејските војници повторно на фронтот

20250208103212 Big 730x400 4.webp.webp

Неколку згради се оштетени во укрaински напади во текот на ноќта во јужниот руски град Ростов на Дон, изјави денеска гувернерот Јуриј Сљусар, јави ДПА.

Во објава на Телеграм, Сљусар посочи дека 74 жители биле евакуирани од неколку згради. Нема информации за повредени.


Во меѓувреме, во текот на ноќта се издадени предупредувања за беспилотни летала над главниот град на Украина, Киев.

Градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм објави дека руско беспилотно летало се упатило кон центарот на градот, иако нема информации за штета или жртви.

Украинскиот претседател Володимир Зеенски, пак, објави дека по „принуден прекин“, севернокорејските војници се вратиле на фронтот и ги продолжиле борбите заедно со руските сили во западниот руски регион Курск.

– Севернокорејските трупи, кои беа повлечени неколку дена поради неоткриени причини, сега им се придружија на руските сили во обновените напади, рече Зеленски во својот најнов извештај за ситуацијата на линијата на фронтот.

Според него, и руските и севернокорејските единици претрпеле значителни жртви.

– Зборуваме за стотици руски и севернокорејски војници, кажа Зеленски.

ДПА забележува дека оваа информација досега не е потрдена од независен извор.

Можете да прочитате

Тоскана ја легализира евтаназијата – 24info.mk

Морето во Измир се повлече повеќе од 200 метри

Папата за депортациите од САД: Исус, Марија и Јосиф исто така биле мигранти