Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Сметките горат, владата да ги врати субвенциите за струја и да го намали ДДВ-то

Image 2025 02 08 115033025.png

Интегрален текст од прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Покачените сметки за струја за дури 30% се уште еден огромен ценовен шок за граѓаните, после поскапувањето на храната и парното.


Астрономски високите сметки за струја се директна последица на неспособноста на владата на Мицкоски и ДПМНЕ.

Со укинувањето на субвенциите за струја, ВМРО ДПМНЕ жестоко удри по џебот на граѓаните.

Во финансиски најтешкиот месец во годината, сметките за електрична енергија се драстично повисоки споредено со претходните месеци.

Соочени со сметки кои достигнуваат од по 8.000, 10.000, 15.000 денари, дел од граѓаните бараат начин како да ги платат, а други  бараат коригирање на сметките.

Ова е се само дел од низата погрешни одлуки на ДПМНЕ со кои за осум месеци го сразија стандардот на граѓаните.

Ова е доказ за нивната незаинтересираност за животот на граѓаните.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ без грам емпатија, со своите погрешни политики, ги втурна граѓаните во егзистенцијална криза – историски најбрзо го доведоа народот до просјачки стап!

Оставени на милост и немилост, луѓето се доведени во состојба да бираат дали да платат сметки за струја и парно или да купат храна.

ДПМНЕ ги изневери и ги разочара граѓаните, едно ветуваа пред избори, друго прават како власт, граѓаните се оставени сами на себе.

СДСМ има решение, ја повикуваме Владата итно да донесе одлука за укинување или намалување на ДДВ-то за струја и парно, како помош за граѓаните да го пребродат овој тежок период.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се реконструира болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Одбележани 69 години од мавровската трагедија кога во лавините под Кораб загинаа 52 лица

Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани