Утрински Весник
Македонија

Средба на Тошковски со новоименуваниот италијански амбасадор, Паоло Палминтиери

1 28.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Италија, Н.Е. Паоло Палминтиери.
На средбата беше потврдена добрата континуирана соработка помеѓу двете министерства за внатрешни работи која се одвива во духот традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.
Во разговорот двете страни се осврнаа на моменталните проекти на соработка преку ИПА програмата во насока на зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со криминал против културно наследство и еколошки криминал и ЕУ поддршка за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

На крај беше изразена взаемна подготвеност за интензивирање на соработката како на стратешко така и на оперативно ниво како партнери посветени на регионалната и глобалната безбедност како и континуирано зајакнување на капацитетите на македонската полиција преку надградување на Центарот за обука во рамки на МВР кој беше посочен како еден од приоритетите во идната заедничка соработка. 


Можете да прочитате

Тошковски за убиството во Чаир: Еден од осомничените е лице кое издржува затворска казна

Новинарка побара одговор за цената на Дејвид Гета – Милошески: Дали ти изгледам како идиот?

Станот како дом или како капитал?