Младите се предизвикуваат меѓусебно – кој ќе земе поголема доза од лекот против болки, парацетамол тоа е најновиот тренд помеѓу младите како еден вид игра на Тикток, но случаите на деца кои страдаат од предозирање се зголемуваат во швајцарските кантони Фрибург, Јура и Вауд. Злоупотребата на парацетамол може да влијае на различни органи, понекогаш и неповратно, предупредуваат лекарите.
Д-р Оливие Ногуеро, специјалист по интерна медицина предупреди: „Црниот дроб прво страда и таквото внесување може да предизвика акутна форма на хепатитис со неповратни последици. Тогаш единствениот излез е брзо да се најде орган за трансплантација”.
Министерството за здравство на Бугарија и Извршната агенција за лекови предупредуваат дека употребата на лекови, вклучително и оние кои се продаваат без рецепт, треба да се врши само за одредени индикации и во присуство на симптоми.
„Секој медицински производ може да предизвика несакани ефекти, кои се детално опишани во упатството. Прекумерното внесување на лекови, без оглед на нивната активна супстанција, носи сериозни здравствени ризици. Министерството за здравство и Извршната агенција за лекови апелираат на одговорен пристап при земање лекови и го свртуваат вниманието на родителите на новиот опасен предизвик на социјалната мрежа Тикток, кој се шири меѓу младите во западните земји“, предупреди бугарското Министерство за здравство.
Предупредувањето во Бугарија излезе откако во неколку кантони во Швајцарија почна да се шири нов опасен тренд на Тикток наречен „предизвик со парацетамол“.