Утрински Весник
Скопје

Стефковски: Доделуваме 11 милиони денари финансиска поддршка за спортот 

475760054 644617291283523 378799474728493271 N.jpg

Општина Гази Баба објави Јавен оглас за прибирање на барања за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во општина Гази Баба за 2025 година.

За јавниот оглас, информираше градоначалникот Бобан Стефковски на социјалните мрежи на кои напиша:


Оваа година доделува финансиски средства за поддршка на спортот во висина од 11 милиони денари, што претставува историски најголема финансиска поддршка за спортот во една календарска година. – напиша Стефковски.

На јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба, чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба.

Јавниот оглас трае до 17.02.2025 година.

Општина Гази Баба ги повикува сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат.


Можете да прочитате

Герасимовски: Исчистени улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев

Поради дефект без вода останаа делови од четири скопски општини

Делови од четири скопски општини утре без струја