Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски.


Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата.

Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада.

Ова ли е „департизацијата” што ја ветуваше ДПМНЕ? Дали ова е „мерит системот” кој го најавуваа?

Не, ова е јасен доказ за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на државните институции за партиски и лични цели.

Додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, држаните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ.

Ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?

Македонија мора да биде праведна и правна држава – а не држава на непотизам и корупција!

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана