Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Започна расчистување на дива депонија зад катната гаража Буњаковец

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Службите на Општина Центар започнаа акција за чистење на голема дива депонија во Буњаковец, на локацијата позади катната гаража. Станува збор за јавен простор, нелегално заграден и узурпиран, кој од несовесни лица бил користен за одложување смет и мешан комунален отпад. Инспекциските служби на самото место затекнаа огромна количина отпад кој бил собиран, претставувајќи потенцијално жариште на зарази и закана за здравјето на жителите, особено поради тоа што се работи за локација во близина на трговскиот центар, станбени згради и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци”.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека изминатиов период се расчистени повеќе депонии, како онаа кај Ист Гејт, а Општината поттикната од непостапувањето на Град Скопје, започна и голема акција во соработка со граѓаните, под мотото „Центар не чека, Центар чисти.”


,,Во рамки на оваа акција, исчистивме повеќе населби, особено просторот околу контејнерите и кантите кои се под надлежност на Град Скопје, но не се одржуваат редовно и претставуваат жаришта на зарази. Граѓаните на Центар заслужуваат чисти улици и места каде што ќе можат безбедно да го поминуваат своето слободно време во здрава животна средина”, истакна Герасимовски.

Тој посочува дека чистењето на дивите депонии останува приоритет, со цел да се спречи загадувањето и да се заштити здравјето на граѓаните.

,,Ги повикувам сите жители да се приклучат кон акцијата и да пријавуваат диви депонии, но пред сè да покажат еколошка одговорност и грижа за својата населба и околина”, апелира градоначалникот на Општина Центар.

Можете да прочитате

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

(Видео) Граѓаните го „окупираа“ Водно во потрага по чист воздух

Го поминвме и Сараево – Скопје утрово назагаден град во Европа