Утрински Весник
Македонија

Лефков: Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?

Lefkov 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?


Во семејната куќа во Ранковце, сопственост на Даниела Алексовска Стојановска е сместен партиски штаб на СДС.

Според закон СДС можеле да го изнајмат деловниот простор во куќата на судијката и за тоа да платат кирија или истата да им го отстапи без надомест, што ќе подпадне под поимот донација.

Венко Филипче мора да каже, каков однос имала неговата партија со судијката која го ослободила убиецот на Фросина. Дали СДС и плаќал кирија на истата и колку и зошто ја одбралe токму нејзината куќа? Или пак станува збор за подарок на судијката кон СДС, во форма на отстапување на деловниот простор без надомест?

Каква и да е врската меѓу судијката Даниела Алексовска Стојановска и СДС, таа е длабока. Оттука го повикуваме Судскиот совет, имајќи го предвид ова, да ја разреши истата од функцијата судија.

Можете да прочитате

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Гаши со апел до пратеничките групи да се избере Народен правобранител

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни