Утрински Весник
Свет

Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на Супербол

20250205091112 Big 730x400 91.webp.webp

Доналд Трамп ќе присуствува на Супербол в недела, со што ќе стане првиот актуелен американски претседател кој присуствувал на финале на плејофот на НФЛ како гледач, потврди Белата куќа.

Американскиот лидер в недела ќе присуствува на финалето на плејофот на професионалната американска фудбалска лига во Њу Орлеанс меѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, изјави претставник на Белата куќа, потврдувајќи ги информациите од американските медиуми.


Доналд Трамп ќе биде првиот актуелен претседател кој ќе присуствува на најголемиот годишен спортски настан во САД, што се одржува секоја година по плејофот на НФЛ на крајот од сезоната.

Медиумите потсетуваат дека Трамп често имал тежок однос со НФЛ.

Во 2017 година, тој го доведе во прашање патриотизмот на играчите кои клекнаа за време на американската химна за да привлечат внимание на прашањата за расна неправда. Во тоа време, неговите критики предизвикаа бран протести меѓу играчите.

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“