Утрински Весник
Македонија

Бубевски: Постапката е проширена и за родителите на обвинетиот што ја прегази Фросина

Bubevski.png

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски информираше дека обвинителството постапило по сите стандардни процедури во случајот со прегазената Фросина Кулакова. Тој рече дека постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов, кој возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма, Бубевски изјави дека обвинителството ги презело сите неопходни мерки за прибирање и анализа на доказниот материјал, вклучувајќи видео материјали и експертизи за брзината на движење на возилото. Утврдено е дека возачот поминал на црвено светло, што, како што рече, ја подигнува кривичната одговорност и покренува умислен аспект.


– Тука умислата се подразбира. Затоа што за да постои умисла, треба сторителот да е свесен за своите дејствија или за своите недејствија што бил должен да ги преземе, но се согласил со последицата. Тука многу лесно може да се заклучи дека возењето под дејство на алкохол, со брзина која што е поголема од дозволената, таа е предмет на вештачење, но и со другите факти, веќе умислата е дефинирана. Затоа што стигнуваш на пешачки премин, каде што е црвено и тука веќе се согласуваш со последицата која што може да настане. Тука веќе нема место за друга правна квалификација во однос на овој дел, рече тој.

Обвинителот информираше дека постапката е проширена и спрема родителите и дадени се соодветни наредби до Министерството за внатрешни работи да ги испитаат околностите како што се кој му давал средства за бензин во возилото, од кога е возилото, кој го употребува. Тој рече дека би подлегнало на одговорност тоа што на обвинетиот му се пружило средство за предизвикување општа опасност.

– Постапката што се води против обвинетиот за ова кривично дело е проширена за да се испита влијанието и дејствијата на родителите во насока во која што му е овозможено на тоа лице да има средство кое што предизвикува општа опасност, изјави Бубевски.

Можете да прочитате

Левица: ВРЕДИ го озаконува балансерот – ДПМНЕ и ЗНАМ соучесници во процесот на институционална федерализација

Меџити – Адерхолт: Партнерството со САД – Стратешки столб за Северна Македонија

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на премиерот Мицкоски за најголемата поддршка за општините од централната власт