Утрински Весник
Македонија

“Кој е следен?”: Повикуваме на широка граѓанска дискусија за изнаоѓање на конкретни долготрајни системски решенија

Uploads Thumbs Resize 800x420 682758.jpg

По вчерашниот протест во Скопје кој следеше по трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино која минатата недела беше прегазена на Партизанска од групата “Кој е следен?” до јавноста се огласија со свое соопштение кое вели дека бројноста на протестот во Скопје, но и во повеќе градови од Македонија, како и акумулираниот гнев на целокупната јавност е доказ дека на граѓаните им е потребна ургентна системска промена.

„Ако не беше доволен најзагадениот воздух во светот, сеприсутен, а невидлив убиец, тука се девијантните појави кои се миленичиња на корумпираниот систем за физички да не догазат на улица. Тоа што се случи не е несреќа, тоа е убиство! Ситуацијата е сензитивна и поради тоа е неопходно да се пристапи внимателно кон прашањата и проблемите кои беа адресирани во повикот зад овој сенароден граѓански марш. Свесни за потребата од огромни реформи во системот кој буквално секојдневно се покажува како несоодветен, дури и за физичка заштита на нашето здравје и безбедност, повикуваме на отворање на широка граѓанска дискусија, од која ќе може да произлезат прецизирани барања кои ќе понудат конкретни, долготрајни, системски решенија“, велат од „Кој е следен?“.


Во нивното соопштение до јавноста, тие споделија проширени објаснувања за идентификуваните проблеми, кои ви ги пренесуваме во целост:

Можете да прочитате

Објавен јавeн повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го партизираше правосудниот систем во Македонија

В сабота протест во Неготино за правда за Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“