Утрински Весник
Македонија

Васил Јованов ќе одговара за најтешкото кривично дело од областа на сообраќајот

Vasilmobilen.jpeg

Дваесет годишниот Васил Јованов од Скопје кој ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино, откако со автомобил удри во неа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје ќе одговара за кривично дело сторено со умисла.

Ова денеска го изјави Јавниот обвинител Љупчо Коцевски кој посочи дека против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот.


Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Истрагата е поведена за кривично дело од областа на сообраќајот, меѓутоа сторено со умисла, рече Коцевски.

Коцевски изрази уверување до јавноста и до семејството дека постапката ќе биде ефикасна и Обвинителството ќе инсистира на најстрога казна.

Јованов, соопшти претходно ОЈО, во моментот на сообраќајката, автомобилот го управувал пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Семејството на младата модна дизајнерка бара правда за Фросина, но и одговорност од таткото на Васил, како и од судијката Даниела Алексовска Стојановска со чија одлука бил пуштен до правосилност на пресудата да биде на слобода за друго дело.

Против Васил во минатото се поднесувани кривични пријави за недозволена трговија со наркотици, како и прекршочни пријави за сообраќајни прекршоци.

Можете да прочитате

Левица: ВРЕДИ го озаконува балансерот – ДПМНЕ и ЗНАМ соучесници во процесот на институционална федерализација

Меџити – Адерхолт: Партнерството со САД – Стратешки столб за Северна Македонија

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на премиерот Мицкоски за најголемата поддршка за општините од централната власт