Утрински Весник
Македонија

Започна хеликоптерска потрага по Миле

Isceznat Negotino.jpg

Денес е 5-ти ден откако е исчезнат неготинецот Миле Тодоров (28), а потрагата по него станува се помасовна. Веќе се трага и од воздух, односно од денес е вклучен и хеликоптер во потрагата, а утрово била извршена темелна потрага и во водите на реката Луда Мара, покрај која беше пронајден мобилниот телефон на момчето.

Семејството на Тодоров за ,,Фокус” вели дека потрагата станува се поинтензивна и дека се вклучени голем број на стручни екипи, но и доброволци. Кога утрово се проверило речното корито на реката, и тоа од Марена, па се долж течението до Сопот, и кога било утврдено дека тој дел е сосема чист, тие доживеале олеснување, но сепак потрагата продолжувала на копно, се додека Миле не биде пронајден.


-Веќе се вклучени голем број на луѓе, и многу сме благодарни на сите за помошта. Се заблагодаруваме на СВР Велес, кои на располагање ги ставија сите свои ресурси, на полициските службеници од Неготино, од Кавадарци, на бројните граѓани кои доброволно дојдоа да помогнат, на навивачката група ,,Винари”. Му се заблагодаруваме и на неготинскиот градоначалник д-р Горан Стојанов, кој е постојано овде, вклучен во потрагата.

Нам ни беше приоритет да се пребара речното корито, бидејќи реката на некои места има длабоки вирови, гранки, на места пак е доста брза. За среќа, во водите на Луда Мара не се најде ништо, и сега потрагата масовно продолжува на копно, во поширок размер.

Ги замолуваме граѓаните да не шират шпекулации, читаме на социјални мрежи обвинувања и спомнување на политика, на партии, а тоа ни е најмалку потребно во моментот. На сите јавни служби, на сите волонтери кои се овде помеѓу нас, приоритет им е да се пронајде Миле, луѓето прават натчовечки напори и даваат се од себе, за ,,Фокус” појаснува семејството на исчезнатото момче.Додаваат дека се исцрпени, но покажаната солидарност од граѓаните и службите им давала надеж да продолжат понатаму.

Можете да прочитате

Левица: ВРЕДИ го озаконува балансерот – ДПМНЕ и ЗНАМ соучесници во процесот на институционална федерализација

Меџити – Адерхолт: Партнерството со САД – Стратешки столб за Северна Македонија

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на премиерот Мицкоски за најголемата поддршка за општините од централната власт