Утрински Весник
Свет

160.000 луѓе излегоа на улиците на Берлин да протестираат против соработката со десницата

20250202183646 Big 730x400 25.webp.webp

Десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците на Берлин и другите градови во Германија за да протестираат против планот на опозициските конзервативци и десничари за ограничување на имиграцијата, јавува Анадолија.

Според берлинската полиција, околу 160.000 луѓе се собрале пред Бранденбуршката порта, во близина на Бундестагот, носејќи транспаренти со пораки како „Ние сме бедемот, нема соработка со Алтернативата за Германија (AfD)“ и „Мерц, оди дома, срам да ти е”.


Германските граѓани, исто така, масовно протестираа претходниот ден против преминот кон десно и соработката на Демохристијаните (ЦДУ) со екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).

Кандидатот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за канцелар на претстојните избори, Фридрих Мерц, во петокот во Долниот дом на Бундестагот се обиде да го протурка нацрт-законот за имиграција, кој беше наменет за мигрантите, но не доби поддршка од мнозинството.

Предлогот беше поддржан од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), но не беше усвоен.

Германија треба да одржи парламентарни избори на 23 февруари, откако трипартиската коалиција на канцеларот Олаф Шолц пропадна на крајот на минатата година поради несогласувањата околу економските реформи и начините за зајакнување на економијата.

Можете да прочитате

Стотици мексикански војници распоредени долж границата со САД како дел од договорот за привремено суспендирање на американските царини

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина