Утрински Весник
Македонија

Кироска: Градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата елементарна непогода која било кога ја зафатила општина Прилеп

Image 2025 02 01 094709321.png

Прес-конференција на Ирена Кироска, членка на ИО СДСМ Прилеп

Не само заради раскопаните улици потонати во темница, глутниците кучиња, покачениот данок на имот, зголемената цена на водата и поскапените комунални услуги, туку и заради големата лага наречена – детска градинка „Бајка“.


На ова исто место, како на лента се менуваа Борче Јовчески, Христијан Мицкоски и останатите прилепски функционери од ДПМНЕ, кои даваа помпезни ветувања дека „градинката само што не е ставена во употреба“.

Меѓутоа ниту после 40 месеци владеење на локално и 8 месеци на централно ниво, ДПМНЕ и Јовчески не успеаја да ја пуштат во употреба изградената градинка, наследена од претходната општинска власт.

Епската неспособност на општинските власти и внатрепартиските битки во Општинскиот комитет на ДПМНЕ за фаќање подобри позиции пред локалните избори, се главната причина што градинката „Бајка“ сеуште зјае празна.

Конкретно, прашањето кој да ги каже имињата на четириесетината воспитувачки, негувателки и техничкиот персонал кои треба да бидат вработени во градинката, е главната причина за кавгата меѓу прилепските функционери на ДПМНЕ.

Заради фракционерските битки во партијата на власт, вратите на новата детска градинка во населбата Точила останаа затворени и ден денес.

Тоа е, почитувани сограѓани, вистинското лице на неодговорните и несериозни политичари во обид од владејачката партија, кои заслепени од желбата за власт и моќ во „заложништво“ држат 250 дечиња и нивните родители.

Господа од ДПМНЕ, оставете ги настрана политичките амбиции, надминете ги вашите суети и конечно ставете ја во функција детската градинка „Бајка“.

Тоа е најмалку што, како партија на власт, можете да направите за нашите најмлади сограѓани!

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Левица по теркот на кампањите за Мартин Нешкоски и Тамара ја злопупотребуваат и трагедијата на Фросина

Најден е телефонот на исчезнатиот Миле од Неготино, семејството бара помош од институциите

Тошковски: СДСМ намерно злоупотребува трагедија, затворите не се во надлежност на МВР туку на Управата за извршување санкции