Утрински Весник
Македонија

Костова: Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените во изминатиот период

12.jpeg

Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Трилинг” истакна дека целото постапување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, откако се на власт во однос на сите економски политики коишто се вадат себе си од ситуација да понудат какви било решенија за сериозните економски и финансиски проблеми со коишто се соочуваат сите граѓани, е кукавичко.

-Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените во изминатиот период. Имено кукавички беше и самото тоа што тој им даде предност на сопствениците на трговските синџири во трката кон „новогодишната кошничка”. Знаеме дека тие мерки беа најавени еден месец дена пред нивното ефектуирање и нивното почнување, а во тој меѓувремен период Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за да ги спречат вртоглавите растови на цените во периодот од најавата до почетокот на новогодишната кошничка, истакна Костова, додавајќи дека на крајот цените по 15 декември и покрај тоа што беше во сила новогодишната кошничка беа повисоки од цените на истите тие производи во периодот кога таа новогодишна кошничка беше најавена.


Костова нагласи дека Мицкоски немаше само обврска да ја најави мерката и да ги остави трговските синџири да постапуваат онака како што сакаат и е впрочем одговорен што ги доведе грѓаните до ова дереџе, сами да мора да се организираат и да покажат бунт.

-Прилично е лицемерно Мицкоски сега да го кажува дека го поддржува бојкотот. Мицкоски и ДПМНЕ имаа можност да спроведат квалитетни економски решенија и доколку ги немаат како идеја ние им ги понудивме но тие ги одбија, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Трилинг”.

Можете да прочитате

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!

„Марш за ангелите“ во Кочани: Ветуваа дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а станаа четири и уште нема ништо