Утрински Весник
Македонија

Јанкулоска: Смртта на Фросина многу ме потресе, но и гневна сум – мора да има соодветен одговор и реакција

Collage Maker 02 Oct 2023 11 56 Am 5062 1024x576 1.jpg

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил упати најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на „Партизанска“.

„Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат.


Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев.

Да не иделизираме, јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи. Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и иссмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција“, вели Јанкулоска.

Можете да прочитате

Вечерва земјотрес во Скопје – 24info.mk

Потресна приказна од екс-обвинител: Од условна казна до злосторство

Возач удри пешак и побегна – но и пешакот исчезна од болница!