Утрински Весник
Македонија

На фирмите кај кои нема нерегуларности, им се исплаќа поврат на ДДВ во законскиот рок, тврдат од Министерството за финансии и УЈП

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

На фирмите кај кои не се утврдени нерегуларности, им се исплаќа повратот на ДДВ согласно законскиот рок од 30 дена.

Доцнењето кај некои фирми се должи на дополнителните контроли што се прават од страна на надлежните институции, тврдат од Министерството за финансии и на Управата за јавни приходи.


Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека овој процес се одвива континуирано, но дека се вршат контроли. Онаму каде нема нерегуларности, се исплаќа повратот на ДДВ.

Наследиле и неодобрени, како и нереализирани, а одобрени побарувања. Две компании, како што беше посочено на денешниот брифинг со новинарите, стојат на листата и се проверуваат поради милиони суми.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од сработеното во изминатите шест месеци на институциите што се под надлежност на Министерството за финансии.

Како што беше посочено на средбата со новинарите, има зголемена наплата на даноците, како и поголем број на заплени од страна на Царината управа и поголем број на поднесени кривични пријави до Обвинителството.

Финансиската полиција во 2024 година поднела 34 пријави за направени штети од 920 милиони денари од кои 22 пријави за направена штета од 614 милиони денари се во периодот откога на функцијата е поставен новиот директор на Управата за финансиска полиција.

Можете да прочитате

Стојаноски: Граѓаните покажаа легитимна реакција, ова е сигнал трговците да ги почитуваат договорите

Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ по смртта на Фросина најавува законски измени за ваквите сторители во петок во Собрание

Тригодишно дете заболено со голема кашлица – Нов случај пријавен во Македонија