Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја штити и итно да ја разреши директорката на Козле

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ бара итно разрешување на Каролина Симовска – директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата – „Козле”.


Целото функционирање на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа на Клиниката во „Козле”, е доведено во прашање после 40 години поради Симовска а штетата и за децата и за вработените.

Последен е случајот со докторката Јосифова.  Со 27 годиишно искуство оваа врвна докторка дрско е избркана од работа и оставена на улица, само затоа што се борела за детски живот.

Посветена, искусна лекарка, која што загрижена за здравје на дете присуствувала при успешна лекарска интервенција Симовска ја брка.

Ова е мобинг од невидени размери и класична неправда озоможена од ДПМНЕ.

Па добро кој ќе ги лечи децата? Имате ли грам осет вие дека деца ќе нема кој да лечи? Или партијата ви е пред детските животи?

СДСМ за овие драматично лоши состојби како и за однесувањето на Симовска веќе алармираше но очигледно власта ја штити.

Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, веќе си дадоа оставки поради скандалозното однесување на Симовска.

На клиниката има и проблеми со неопходни „баскет” апарати и други материјали.  Своеволието на Симовска уништува многу животи а загрозува детски животи.

Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност. Симовска мора веднаш да биде разрешена.

Можете да прочитате

Две години затвор за ексдиректорот на РЕК „Битола“ за тендер вреден над 11 милиони евра

Спасовски по реакциите од ВМРО-ДПМНЕ: Тој гест покажете му го на вашиот лидер

СДСМ: Со ситни игранки власта не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието