Утрински Весник
Македонија

Учество на министерот Муцунски на 11-та Европска конференција на Универзитетот Харвард

Mucunski 1068x711 1.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на 11-та Европска конференција на Универзитетот Харвард, со наслов „Лидер или сонувач? Улогата на Европа во фрагментираниот светски поредок”, што се одржува денес и утре во Бостон, САД.

Во рамки на учеството, Mинистерот ќе се обрати на панел-дискусијата „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и пошироко”, каде ќе говори за значењето на европската перспектива на регионот, како и за можностите за зајакнување на дипломатската соработка во меѓународниот контекст.


Европската конференција на Харвард е еден од најзначајните настани за трансатлантскиот дијалог и за Европа во САД. Основната цел на конференцијата е зајакнување на трансатлантските односи преку обединување на водечки научници, креатори на политики, лидери и студенти од двете страни на Атлантикот. Настанот претставува уникатна можност за носителите на одлуки и академиците, заедно со идните лидери, да разменат идеи и да идентификуваат нови насоки за соработка и дејствување.

Можете да прочитате

Стојанче ѝ се заканувал на Ивана со објавување експлицитни видеа, сведочеше сведокот Саздов пред судот 

Петрушевски: Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга, тој ги искористил парите за инженеринг на референдумот за името

Стојанче ја тепал Ивана секој пат кога бил дрогиран, кажа сведокот