Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од владеењето на Филипче и СДСМ сега хаосот на Онкологија е запрен

Onkologija.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче и СДС направија хаос на Онкологија.


Филипче и СДС ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар.

Филипче и СДС профитирале на здравјето на македонските граѓани.

Филипче треба да знае дека нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС.

Филипче и СДС креирале криминални шеми на Онкологија од кои профити имаа Филипче и блиските до СДС.

Филипче треба да знае дека нема повеќе како до сега, кога со години, Клиниката за онкологија набавувала лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, Д-р Пановски, за потоа истите тие лекови да се враќаат веднаш штом компанијата ќе добие нов тендер.

Хаосот е запрен и стабилизиран.

За разлика од владеењето на Филипче и СДС сега хаосот на Онкологија е запрен, нема веќе лекови на реверс, кадарот на Онкологија е зголемен, основниот буџет за следната година е зголемен, и сега има двојно повеќе медикаменти од претходно.

Можете да прочитате

Тошковски: Го враќаме редот и довербата во МВР – криминалците нема да имаат мир

Тошковски: Се постапува по случаи со дивоградби – резултатите ќе бидат видливи наскоро

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш