Утрински Весник
Македонија

Изет Меџити: Србија е полудемократски режим

Izet Mexhiti 585x366 1.jpg

Меџити вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 одговарајќи на прашањето за блиските контакти на коалицијата „Вреди“ со албанскиот премиер Албан Курти, рече дека во Косово имаат проблеми поради тоа што се соочуваат со сосед каков што е Србија.

„Србија е полудемократски режим. Посакувам и Србија да се демократизира и тоа ќе биде во прилог на регионот“. 


Тој уште додаде дека „и да влијае Курти во македонија тоа е позитивно. Добар дел од граѓаните во Скопје се со потекло од Косово. Имаат двојно државјанство. И нашите граѓани влијаат таму. И на тоа треба да гледаме позитивно“.

Според него, Алабанците во Македонија се мост меѓу нашата држава и Косово и затоа прв премиер што дојде во Македонија беше Албин Курти и затоа првата меѓувладина седница беше во Приштина. 

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница