Утрински Весник
Македонија

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Vlada.webp.webp

Покрај Игор Николов кој треба да замине за амбасадор на Франција, предложени се уште тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска. Извори од Владата потврдуваат дека за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.

На вчерашната владина седница донесена е и одлука за почнување на постапка за отповикување на девет актуелни амбасадори.


Меѓу нив се амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, во Белгија – Методија Белевски, амбасадорката и постојана претставничка на Северна Македонија при Советот на Европа, Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.

На оваа листа се и амбасадорите во Босна и Херцеговина – Јакуп Реџепи, во Чешка – Емил Крстевски, во Шведска – Џенк Сејфила, како и Катерина Ставреска, амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Можете да прочитате

Два тона небезбедна храна се продавале во нехигиенски услови на пазар во Ченто

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Му го грабнале пиштолот на полицаец, бегале со БМВ и завршиле во банкина на автопат

Голема сајбер-операција на МВР и ФБИ: Разоткриен 20-годишник кој администрирал криминална интернет-платформа