Утрински Весник
Македонија

Апел за помош на 26-годишниот Виктор, татко на 4-месечно бебе кој боледува од тумор на главата

Fb Img 1738000813574.jpg

26-годишен татко на четиримесечно бебенце боледува од тумор на главата и денес заминува на итна операција во Турција. Еве ја целосната порака на сопругата на Виктор, во апелот кој е објавен на платформата на фондацијата Павел Андреев:

Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.


Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!

Од срце, Ви благодараме!
Александра Николоска (сопруга на Виктор).

Броеви за донации:
Телеком: 143 129
А1: 143 467

Трансакциска сметка:

270700089618928

Халкбанк АД Скопје

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ бара на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска

Изет Меџити: Србија е полудемократски режим

Граѓани повикуваат на протест по смртта на Фросина