Утрински Весник
Свет

Нигер, Мали и Буркина Фaсо се повлекуваат од ЕКОВАС

20250129093213 Big 730x400 79.webp.webp

Мали, Буркина Фасо и Нигер денеска по 50-годишно членство се повлекуваат од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС).

Државите од Сахел, сите предводени од хунта, одлучија пред една година да се повлечат од регионалниот економски блок, а денеска стапува во сила и покрај неколкуте обиди за посредување да ја сменат одликата.


Односите помеѓу трите земји и ЕКОВАС се тензични по воените удари во Мали (2021), Буркина Фасо (2022) и Нигер (2023).

Бамако, Уагадугу и Нијами ја обвинуваат ЕКОВАС, која ги критикуваше за државните удари и воведе санкции, дека е под влијание на поранешна колонијална сила – Франција.

Трите држави се повеќе се свртуваат кон Русија. ЕКОВАС се состоеше од 15 земји со цел да се промовира економската соработка меѓу земјите-членки за да се подигне животниот стандард.

Околу 73 милиони луѓе ја напуштаат една од најголемите регионални економски заедници во Африка, односно 17 проценти од околу 440 милиони жители во регионот.

Со нивното излегување за повеќе од половина се намалува површина на ЕКОВАС. Трите земји придонесуваа околу 8 отсто од заедничкото економско производство.

Трите земји се меѓу 10-те најнеразвиени во светот и покрај нивните огромни природни ресурси, како што се златото и ураниумот, кои најмногу ги ископуваат европските и северноамериканските компании.

Трговските патишта стари милениуми кои минуваат низ регионот се користат, меѓу другото, и за шверц на луѓе и дрога кон Европа. Сите три земји се борат и со исламистички терористички групи.

Можете да прочитате

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години