Утрински Весник
Свет

Анкета: Мнозинство од жителите на Гренланд се против припојување со САД

20250129070630 Big 730x400 15.webp.webp

Мнозинство од жителите на Гренланд се против отцепување од Данска и припојување со САД, според најнова анкета спроведена од Вариан а нарачана од данскиот весник „Берглинске“ и гренландскиот „Сермицук“.

Ова е удар за претседателот на САД Доналд Трамп, кој веднаш по преземањето на фунцијата на 20 јануари, ги интензивираше напорите за ставање на Гренланд под американска управа.


Според резултатите од анкетата, 85 отсто од популацијата на арктичката самоуправна територија не сака да биде дел од САД. Околу шест отсто рекле претпочитаат да бидат со Америка отколку  Данска, додека девет отсто се неодлучни.

Трамп инсистира најголемата островска територија да падне по управа на САД поради поради безбедносни причини и одбива да каже дека нема да користи сила за да го реализира тоа. Тој исто така тврди дека популацијата на Гренланд би сакала да стане дел од САД. Неговиот интерес за територијата потекнува од неговиот прв мандат.

-Луѓето од Гренланд не се задоволни со Данска. Знаете, мислам дека се задоволни со нас, рече Трамп на 21 јануари.

Овој став не го споделуваат лидерите на Гренланд, и многумина од нив се залагаат за независност. Иако островот е дел од Кралството Данска, неговите 57.000 жители имаат продлабочена автономија.

-Не сакаме да бидеме Данци, не сакаме да бидеме Американци, секако сакаме да бидеме Гренландци, изјави неодамна премиерот на територијата, Муте Б. Егеде.

Во меѓувреме, Данска се труди да го модерира конфликтот со Трамп. Премиерката Мете Фредериксен денеска е на турнеја во Берлин, Париз и Берлин за стекнување поддршка од европските сојузници и барање тие да покажат единство по ова прашање, додека избегнува да го разгневи американскиот претседател.

Анкетата вклучува 497 интервјуа спроведени преку интернет од 22 до 26 јануари, вклучувајќи репрезентативен примерок на гренландски граѓани постари од 18 години. Статистичката грешка за одговорите е околу 3,1 проценти.

Анкетата исто така укажува дека 45 отсто од Гренландците во интересот на Трамп за Гренланд гледаат закана, пренесе „Берглинске“. Само околу осум отсто би прифатиле американски пасош ако мора веднаш да направат избор меѓу данско и американско државјанство.

Можете да прочитате

Децата во САД ја губат вештината за читање

Фајнешал тајмс: ЕУ размислува да купи руски гас

Рубио вели дека Трамп е сериозен за купување на Гренланд