Актерот Сашко Коцев тврди дека не удрил во полицаец откако низ медиумите се појавија вести дека удрил со возило во полицаец, по што го напуштил местото.
Актерот Коцев за „Слободен печат“ вели дека не го удрил полицаецот со своето возило, ниту пак знаел дека се работи за полиција.
– Не ги видов дека биле полицајци. Беа во цивилка, не знаев дека се полициска придружба. Не беа униформирани. Јас ги прашав кои сте вие да блокирате пат и си продолжив со возилото, а тој ми одговори „сега ќе видиш ој сум“. Јас брзав, детето ми плачеше позади. Но, не го удрив, тој се поттргна, посочи Коцев за СП.
Според полицискиот билтен, околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи возило „фолксваген“ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.